Mustafa Keleş
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
ЊУЈОРК (AA) - Неколку лица се повредени во пукање кое се случи во болницата Бронкс Лебанон во градот Бронкс во Њујок, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации, ранети се повеќе лица, меѓу кои се наоѓаат и лекари.
Напаѓачот кој, наводно, кај себе имал пушка отворил оган на луѓе кои се наоѓаа во болница.
Полицијата на Њујорк соопшти дека трага по напаѓачот, и побара од граѓаните да не се доближуваат до тоа подрачје.
Пукањето, наводно се случи на 16. кат од болницата.
Според наводите на одредени американски медиуми, вооружениот напаќач е поранешен вработен во болницата, кој, наводно се забарикадирал во просториите на здравствената установа.
Во близина на болницата се наога голем број на припадници на полицијата.