Mustafa Keleş
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ЊУЈОРК (AA) - Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети во пукањето кое во петок се случи во болницата Бронкс Лебанон во градот Бронкс во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачот кој со себе имал пушка отворил оган на луѓето кои се наоѓале на 16. кат од болницата. Откако ранил најмалку четири лица, напаѓачот извршил самоубиство.
Градоначалникот Бил де Бласио пред болницата во која се случи нападот рече дека станува збор за инцидент кој се случил на работно место и дека не е поврзан со тероризам.
Началникот на полицијата Џејмс П. Онил потврди дека напаѓачот е поранешен лекар и дека пукал во други лекари. Потоа извршил самоубиство.
Онил нагласи дека се ранети шест лица, а меѓу нив се пет кои се во потешка здравствена состојба.