Mahmoud Barakat
02 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
КАИРО (AA) - Најмалку тројца полицајци се убиени, а петмина се ранети во пукање кое денеска се случи на истокот на египетската престолнина Каиро, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Египет соопшти дека вооружени напаѓачи од две возила во движење отвориле оган на полициска патрола источно од центарот на Каиро, а после тоа се одалечиле од местото на нападот.
Во соопштението се наведува дека полицијата возвратила на отворениот огран и дека потрагата по избеганите напаѓачи е во тек.
Досега никој не ја презел одговорноста за нападот.
Денешниот напад во Каиро е прв вооружен инцидент кој се случил во Каиро откако египетските власти минатиот месец прогласија вонредна состојба во земјата поради два терористички напади во кои во копатски цркви се убиени најмалку 45 лица.
Египет е упориште на длабока политичка и безбедносна криза уште од летото 2013 година и воен удар со кој од власт е соборен првиот демократски избран претседател на таа земја, Мохамед Морси, а безбедносната криза е најизразена на Синајскиот полуостров.