Турција

Чавушоглу: „Цивилите, статусот и границите на Идлиб ќе бидат заштитени“

„Границите на Идлиб ќе бидат заштитени во рамките на потпишаниот Меморандум за разбирање во Сочи. Нема да има промена во статусот на Идлиб“, изјави Чавушоглу на министерскиот состанок во Анкара

Diyar Güldoğan  | 18.09.2018 - Обновена : 19.09.2018
Чавушоглу: „Цивилите, статусот и границите на Идлиб ќе бидат заштитени“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес по постигнатиот договор потпишан меѓу Анкара и Москва за воспоставување демилитаризирана зона во подрачјето изјави дека цивилите ќе останат во сириската северозападна област Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).

„Границите на Идлиб ќе бидат заштитени во рамките на потпишаниот Меморандум за разбирање во Сочи. Нема да има промена во статусот на Идлиб“, изјави Чавушоглу на министерскиот состанок во Анкара.

Тој ги даде овие изјави еден ден по состанокот меѓу претседателите на Турција и Русија, кои се согласија Идлиб да стане демилитаризирана зона меѓу областите контролирани од опозицијата и оние контролирани од страна на режимот.

Анкара и Москва вчера потпишаа Меморандум за разбирање со кој се предвидува стабилизирање на ситуацијата во зоната без судири во Идлиб.

Чавушоглу изјави дека од демилитаризираната зона во Идлиб ќе биде отстрането тешкото наоружување, додавајќи: „Цивилите ќе останат, а ќе бидат отстранети само терористичките организации“.

Тој додаде дека тешкото наоружување ќе биде острането од демилитаризираната зона до 15 октомври во Идлиб.

Исто така нагласи дека регионот ќе биде расчистен од „радикалистите“ и ќе биде постигнат прекин на огнот.

Турскиот министер, исто така, изјави дека Русија ќе ги преземе потребните мерки за да ја заштити зоната без судири во Идлиб, како и дека до крајот на 2018 година за сообраќај повторно ќе бидат отворени двата главни автопати во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.