Kemal Ceylan
22 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
ЧОРУМ (АА) - Амбасадорот на Парагвај во Анкара, Џеферино Адриан Валдез Пералта, го посети античкиот град Хатуша, главниот град на Хетитското Царство, кое е едно од најстарите цивилизации во Анадолија, како и античкиот град Алаџахојук, и музеите во нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот Пералта, на покана на Мехмет Озтурк, уредникот на вестите на АА на светски јазици, го посети Чорум за да ги види остатоците на Хетитите, стари 3.000 години.
Пералта го посети музејот „Богазќој“, археолошкиот локалитет Хатуша, и храмот на отворено небо, Јазиликаја, каде што како водич му се придружи хетитологот Озѓур Мерич.
Амбасадорот доби информации за историските дела и монументи во овие музеи и локалитети, а својата турнеја ја заврши со посета на музејот и археолошки локалитет Алаџахојук.
Во изјава за АА по оваа посета, Пералта нагласи дека реализирал патување во историјата во Чорум кој има едно минато од илјадници години, истакнувајќи дека поминал еден ден полн со емоции.
„Информациите кои ги прочитав пред 45 години во средно училиште, успеав да ги видам тука со мои очи. Многу е важно што тука сѐ уште се заштитуваат остатоците на една цивилизација која постоела пред илјадници години, како и тоа што се изложуваат. Упатувам благодарност до Турција за оваа можност која ја обезбеди“, додаде тој.
Парагвајскиот амбасадор укажа на важноста на заштитата на историските вредности и нивното пренесување до идните генерации.
Пералта истакна дека Парагвај е една цивилизација стара околу 500 години.
„Меѓу Хетитите и нашата земја нема многу сличности. Но за мене беше една вредна посета, бидејќи ги видов Хетитите кои претставуваат почеток на цивилизацијата, и христијанските цивилизации кои постоеле во овие краишта по Хетитите. Упатувам благодарност до господинот Мехмет за поканата“, додаде Пералта, амбасадор на Парагвај во Анкара.