БОГОТА
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.245 лица во Бразил, 429 во Мексико, 551 во Аргентина, 513 во Колумбија, 182 во Перу, 185 во Чиле, 45 во Еквадор, 86 во Боливија, 99 во Парагвај и на 44 лица во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил соопшти дека во последното деноноќие во земјата починале 2.245 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 456.674.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 67.467, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на пандемијата во земјата се искачи на 16.342.162.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 14.786.292 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 429 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.050 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 222.661 смртен случај, бројката на заболени изнесува 2.405.772, а досега оздравеа 1.921.510 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 551 лице од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 76.135.
Во истиот период детектирани се 41.080 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.663.215.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.219.474 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 10. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 513 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 86.693.
Во последното деноноќие детектирани се 25.092 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.319.193. Во оваа земја досега оздравеа 3.101.390 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 182 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.227 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.942.054, од кои починаа 68.816 лица, а оздравеа над 1.892.794 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 185 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 28.809.
Во истиот период регистрирани се нови 8.117 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.352.723, а оздравеа вкупно 1.282.561 лице претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 45 смртни случаи, вкупно 20.357 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.098 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 422.329.
Досега во Еквадор оздравеа 366.425 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 86 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 3.018.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 361.580, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 14.312. Досега оздравеа 288.106 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 99 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 3.136 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 345.357, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 8.800.
Досега оздравеа 283.787 лица позитивни на коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 44 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 4.066.
Во истиот период детектирани се 3.942 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 280.372 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 239.309 лица заразени со Ковид-19.