Betül Yürük
29 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
ЊУЈОРК
Обединетите нации (ОН) соопштија дека од пучот во Мјанмар изведен во февруари оваа година, раселени се повеќе од 121.000 луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласноговорникот на генералниот секретар на ОН, Фахран Хак, рече дека раселувањето на луѓето трае од денот кога Војската ја презела власта во Мјанмар.
Хак истакна дека како последица на овонеделните судири меѓу мјанмарската Војска на југоистокот на земјата и војската „Карени“, раселени се 37.000 лица.
Додаде и дека десетици илјади луѓе се раселени поради судирите на северот на Шан помеѓу војските и вооружените етнички групи. Од пучот, својот дом го напуштија повеќе од 121.000 луѓе.
Мјанмарската Војска на 1 февруари оваа година изведе удар и ја презеде власта во земјата под изговор дека изборите одржани на 8 ноември 2020 година биле нерегуларни. Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси челниците на Владата, вклучувајќи ја и мјанмарската лидерка Аунг Сан Су Кји.
Масовните протести против воениот удар почнаа на 6 февруари. Во интервенциите на мјанмарската Војска загинаа најмалку 831 лице.