Şeyma Uzundere
29 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
АНКАРА
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 170 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 досега се заразени вкупно 170.157.408 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 34.022.657 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (27.729.247), Бразил (16.392.657), Франција (5.646.897), Турција (5.228.322), Русија (5.044.459), Велика Британија (4.447.705), Италија (4.209.707), Аргентина (3.702.422), Германија (3.680.159), Шпанија (3.668.658), Колумбија (3.342.567), Иран (2.886.111), Полска (2.870.595), Мексико (2.408.778), Украина (2.199.769), Перу (1.947.555), Индонезија (1.803.361), Чешка (1.660.481), Јужноафриканската Република (1.654.551), Холандија (1.641.318) и Канада (1.374.275).
Како последица на вирусот во светот починаа 3.538.083 лица. Во светот регистрирани се 151.996.303 оздравени лица од вирусот, додека 14.623.022 лица се во процес на лекување.