Ahmet Dursun
29 Мај 2021•Ажурирај: 29 Мај 2021
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди иранската покраина Фарс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран, епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Баба Монир во Фарс.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5 степени се случил синоќа во 1:05 часот по локално време.
Според соопштеното, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Според вестите на иранските медиуми, земјотресот бил почувствуван во покраините Фарс, и Кохкилуех и Бујер Ахмад.
Сè уште не е дадена изјава од властите во врска со тоа дали има жртви или материјална штета во земјотресот.