Hakan Çopur
29 Мај 2021•Ажурирај: 29 Мај 2021
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека е загрижен поради порастот на антисемитските напади во неговата земја и порача дека таквите напади се неприфатливи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава, укажувајќи на проблемот со сè поголемиот број антисемитски напади во САД, Бајден ги оцени ваквите напади како неприфатливи и порача дека „се во спротивност со американските вредности“.
Во американските медиуми објавено е дека нападите и заканите кон Евреите се зголемени во некои делови на САД паралелно со израелските напади врз Палестинците.