Barış Gündoğan
22 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
СОЧИ (АА) - Во Сочи започна состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган допатува во посета на Русија, а во градот Сочи се состана со рускиот колега Владимир Путин.
„Верувам дека нивото на нашите односи во последниот период ќе помогне во решавање на сите проблеми кои денес се присутни во нашиот регион“, изјави Путин, и додаде: „Постојат многу различни динамики околу решавањето во регионот, свесни сме за тоа. Верувам дека овие разговори и консултации ќе бидат многу продуктивни.“
Ердоган изјави дека средбата со Путин е можност на посеопфатен и посилен начин да се разговара за мир.
Тој нагласи дека состанокот со рускиот колега ќе биде во корист и во контекст на антитерористичката операција „Извор на мирот“, која турската војска ја спроведува на северниот дел на Сирија.