Турција

Истрага против ФЕТО: Турското обвинителство нареди приведување на 60 осомничени

Налозите се издадени во рамките на истрагата која за ФЕТО-елементите инфилтрирани во Турските вооружени сили ја води Државното обвинителство во Коња

Savaş Güler  | 22.10.2019 - Обновена : 23.10.2019
Истрага против ФЕТО: Турското обвинителство нареди приведување на 60 осомничени

КОЊА (АА) - Државното обвинителство на Турција утринава издаде налози за лишување од слобода на 60 осомничени лица кои се товарат за членство во терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Налозите се издадени во рамките на истрагата која за ФЕТО-елементите инфилтрирани во Турските вооружени сили (TSK) ја води Државното обвинителство во Коња.

Постапувајќи по налогот на Обвинителството, турската полиција започна акција за приведување на осомничените во 27 градови низ Турција.

Сите осомничени по кои турската полиција утринава трага се товарат дека биле членови на терористичката организација ФЕТО и дека со посредство на специјални канали за комуникација имале контакт со другите членови на таа терористичка мрежа.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, во ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација која ја предводи Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), а чие испорачување Турција формално го побара од САД.

Членовите на терористичката организација со години преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се така во државните институции. Потоа, прво во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во турското правосудство преку наместен процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше крвав обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули 2016 година офицерите во Турската војска лојални на таа терористичка организација започнаа обид за пуч.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во којашто е активна, а на тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални претставници. Во текот на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а беа ранети околу 2.200 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın