Турција

Поздравена кампањата на Anadolu Agency за разоткривање на дезинформациите

„Anadolu Agency му ја пренесе на светот легитимната борба на Турција, како што го правеше тоа и за време на турската борба за независност“

Zehra Nur Düz  | 21.10.2019 - Обновена : 22.10.2019
Поздравена кампањата на Anadolu Agency за разоткривање на дезинформациите

АНТАЛИЈА (АА) - „Напорите на Anadolu Agency (АА) за спречување на дезинформациите на социјалните медиуми против антитерористичката операција на Турција „Извор на мирот“ треба да бидат поддржани“, порача денес експерт за комуникации.

„Anadolu Agency му ја пренесе на светот легитимната борба на Турција, како што го правеше тоа и за време на турската борба за независност“, изјави за АА Мустафа Сами Менџет, професор на Факултетот за комуникации при Универзитетот „Акдениз“ во Анталија.

„Борбата на Anadolu Agency против кампањата за оцрнување мора да се поддржи“, рече Менџет.

Менџет спроведе студија за ефектите од техниките за верификација на фотографии за спречување на манипулации со дигитални фотографии.

Тој говореше за влијанието на технолошките достигнувања во спречувањето на кампањата за оцрнување на турската операција на социјалните мрежи.

Професорот Менџет во својата студија ги користел објавите на Anadolu Agency на Твитер и линковите на веб-страниците, кои ги разоткрија лажните фотографии споделени на социјалните мрежи за време на турската операција „Маслинова гранка“ во Сирија.

Работата на Anadolu Agency беше ефикасна во спречувањето на манипулациите на терористичката организација ЈПГ во европските медиуми.

Бидејќи во антитерористичката операција на Турција против терористите на ЈПГ/ПКК во северна Сирија неутрализирани се 765 терористи, и се доведени до степен да започнат нивно повлекување од подрачјето на планираната безбедносна зона, кампањата за оцрнување на операцијата на социјалните мрежи продолжи.

Од почетокот на турската операција „Извор на мирот“ на 9 октомври, многу профили на социјалните мрежи споделуваа лажни фотографии направени во изминатите години за да шират дезинформации за операцијата источно од реката Еуфрат.

Операцијата „Извор на мирот“ има за цел да ги елиминира терористите од северна Сирија со цел обезбедување на турската граница, да помогне во безбедно враќање на сириските бегалци и да го обезбеди територијалниот интегритет на Сирија.

Анкара сака да ја расчисти северна Сирија, односно подрачјето источно од реката Еуфрат од терористите на ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.