Dildar Baykan
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
АСУНСИОН (АА) - Во јужноамериканската држава Парагвај, членовите на една банда извршија грабеж на фирма за блиндирани возила, користејќи оружје и експлозив, јавува Anadolu Agency (AA).
Арсенио Кореа, претставик на полицијата, соопшти дека во пограничниот град Сиудад дел Есте е извршен грабеж на сефот на фирмата „Просегур“ (Prosegur) за блиндирани возила. Грабежот во кој учествувале околу 80 лица, траел околу три часа и притоа е користено оружје и експлозив.
Претставникот на полицијата, Кореа, соопшти дека во грабежот е убиен еден полициски службеник, а ранети се тројца цивили. „Бандата што го изведе грабежот ангажирала снајперист за да си го загарантира бегството, а со цел да го оттргнат вниманието на луѓето, ограбувачите користеле повеќе од 10 возила“, рече Кореа.
Грабежот во Венецуела беше окарактеризиран како „грабеж на векот“.
Сѐ уште нема информации за сумата на украдените пари, но се претпоставува дека станува збор за околу 40 милиони долари.
Од друга страна, бразилските медиуми информираат дека по престрелката со полицијата во подрачјето на Итапуландија, ограбувачите успеале да избегаат. Во веста се вели дека во судирот се убиени тројца ограбувачи, а двајца од нив се ранети.
Парагвај и Бразил продолжуваат со операциите за пронаоѓање на ограбувачите.
Градот Сиудад дел Есте, кој се наоѓа на границата на Парагвај со Бразил и Аргентина, е познат како град на криумчарите со оружје, електроника и со дрога.