БОГОТА (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка. Повторно е регистрирана висока бројка на починати во Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 2.438 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 292.752.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 79.069, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 1.950.459.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а се наоѓа на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 10.419.393 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 608 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.729 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 197.827 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.193.639, а досега оздравеа 1.733.089 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 42 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 54.517. Во истиот период детектирани се 6.826 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.225.725.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.023.664 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 136 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 61.907.
Во последните 24 часа детектирани се 6.761 лице позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.331.187. Во оваа земја досега оздравеа 2.225.725 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 188 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 5.334 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.460.779, од кои починаа 50.085 лица, а оздравеа над 1.373.178 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 93 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 22.180.
Во истиот период регистрирани се нови 7.084 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 925.089, а оздравеа вкупно 865.413 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор -
Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 23 смртни случаи, вкупно 16.435 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.225 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 310.868.
Досега во Еквадор оздравеа 263.164 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Парагвај -
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 33 смртни случаи како последица на Ковид-19, а детектирани се 2.100 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 192.599, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 3.695.
Досега оздравеа 158.244 лица позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
