Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
АНКАРА
Турција ќе испрати медицинска помош на Србија, Алжир и Парагвај, во рамките на билатералните договори потпишани меѓу овие земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Србија ќе го добие најдолгиот список на медицински материјали преку потпишаниот договор со Турција на 2 јули. Медицинските материјали ќе се користат во Државната болница во Нови Пазар.
Како дел од договорот, Турција ќе донира медицинска опрема вклучувајќи три респираторни вентилатори, пет монитори за пациенти, 30 централни мерачи на проток на кислород, пет уреди за ЕКГ со 12 канали, 20 пумпи за инфузија, два дефибрилатори, два ПЦР-уреди, пет вентилатори, комплет за хируршка интервенција, мобилен рендген-уред, 10.000 дијагностички комплети, 30.000 маски Н95, 2.675 маски Н149, 5.000 пара заштитни комбинезони, 230.000 хируршки маски, 10.000 литри (2.200 литри) средства за дезинфекција, 10 УВ-уреди и 2.000 визири.
Во испратените медицински материјали спаѓаат и лекови, 10.000 кутии хидроксихлорокин, кој се користи во лекување на коронавирусот и 10.000 кутии тамифлу.
Уште 40.000 ракавици и 10.000 заштитни очила ќе бидат донирани на Србија како дел од договорот како гест на пријателство и добра волја.
Во договорот кој на 6 мај беше потпишан во Анкара меѓу Турција и Парагвај спаѓаат 50.000 пара заштитни комбинезони, 30.000 заштитни маски Н95, 100.000 хируршки маски, 2.000 заштитни очила, 50.000 заштитни навлаки за чевли и 50.000 пара ракавици.
Помошта ќе се користи за примарни здравствени услуги во Парагвај.
Турција, во друг договор со Алжир исто така ќе донира 25 респиратори, 50.000 хируршки маски, 25.000 пара заштитни комбинезони, 50.000 Н95 маски, 30.000 ПЦР дијагностички комплети и 2 ПЦР-уреди.
Двете земји го потпишаа договорот на 30 јуни.
Турција досега во борбата против Ковид-19 има испратено медицинска помош во околу 140 земји.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, пандемијата на Ковид-19 одзеде над 622.000 животи во 188 земји и региони.
Повеќе од 15 милиони случаи се регистрирани во светот, додека над 8,6 милиони пациенти се оздравени, според податоците собрани од американскиот Институт „Џонс Хопкинс“.