Faruk Zorlu
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили денеска приведоа 14 осомничени лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тие биле фатени откако обвинителите во Анкара издале налози за апсење на 20 лица, вклучувајќи четворица полицајци во служба, како дел од истрагата за тајната структура на терористичката организација во Генералната команда на жандармеријата, според извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Безбедносните сили продолжуваат да извршуваат истовремени операции низ 12 области за да ги фатат осомничените лица.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.