Admir Fazlagic
23 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 123 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус се искачи на 9.669, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати три лица, со што вкупната бројка на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се искачи на 445.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус изнесува 5.145.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 4.079.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.312 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 91.015 тестирања.