Bojana Stojanovic
23 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
БЕЛГРАД
Девет лица починаа од последиците на коронавирусот (Ковид-19) во изминатите 24 часа, а заразени се уште 412 лица, со што вкупната бројка на хоспитализирани лица од овој вирус во земјата се искачи на 4.649, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 22.443 случаи на Ковид-19 во Србија.
Од вчера се тестирани 11.079 лица, од кои 412 лица се позитивни на Ковид-19.
Починати се уште девет лица, со што бројот на починати во Србија порасна на 508. Процентот на смртноста е 2,26 отсто.
На респиратори се 185 лица.
Досега се тестирани 591.350 граѓани.