Zehra Aydın
06 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција (ТСК) уништија воена позиција и засолниште на припадниците на терористичката организација ПКК на северот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Турција соопшти дека ТСК ја продолжува борбата против припадниците на сепаратистичката организација во северен Ирак.
Акциите се извршуваат на подрачјето на Ќандил во северен Ирак и Оваџик во Тунџели. Во воздушните акции на подрачјето на Оваџик неутрализирани се двајца терористи за кои е утврдено дека подготвувале напад.
Терористичката организација ПКК се наоѓа на листа на терористички организации во Турција, САД и ЕУ. Покрај Турција, ПКК дејствува и во северен Ирак и Сирија, каде дејствува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.
Планините Ќандил, Гара, Метин и Зап се наоѓаат во северен Ирак, долж ирачко турската гранница. Станува збор за подрачје кое се смета за колевка на терористичкото движење на ПКК.