Enes Kaplan
06 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган со највисоки државни почести го дочека во Анкара претседателот на Венецуела Николас Мадуро, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го дочека Мадуро на влез во претседателска палата, а потоа се интонирани химните на двете земји.
По доаѓањето пред претседателската палата Мадуро ги поздрави војниците со зборовите „мерхаба аскер" (поздрав војници).
По заедничката фотографија пред претседателската палата, следувше состанок на двајцата лидери после кој е планирана и заедничка конференција за новинарите.