Özkan Beyer,Orhan Canbulatel
06 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Абдулхамит Ѓул, денес изјави дека Турција ја проследила сета неопходна документација до САД, и оти повеќе нема никакви пречки за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓул престојуваше во јужниот турски град Газиентеп, а во таа пригода се осврна на активностите на Турција кога станува збор за испорачувањето на водачот на терористичката организација ФЕТО на Турција.
„Сите обврски во рамките на договорот се исполнети, така што моментално не постои никаква пречка за испорачување на Ѓулен. Сите докази се проследени до институциите на САД. Она што ѝ доликува на една правна држава, односно држава којашто нагласува дека во фокусот е демократијата, е да стори сѐ што е неопходно. Ние од САД сакаме да го испорачаат водачот на оваа терористичка организација, кој беше причина за загубата на 250 животи во Турција, што е аргументирано и со судски одлуки“, порача Ѓул.
Тој се осврна и на неодамнешната одлука на турскиот суд, со која е осудена групата што се обиде да изврши атентат на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.
„Тоа е многу важна одлука. Таа е воедно и показател во која мера се размотува клопчето на терористичката организација ФЕТО, но и порака до припадниците на оваа организација преку која можат да видат колку Република Турција е сериозна држава“, изјави Ѓул.