İlhami Çetin
23 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
БОЛУ
Местото Ѓојнук, кое е член на мрежата на тивки градови (Cittaslow) во областа Болу, е меѓу честите дестинации на локалните и странските посетители, а покрај историските куќи, кои се единствен пример на отоманската дрвна архитектура, вниманието го привлекува и турбето (надгробен споменик) на Акшемседин, известува Агенција Анадолија (АА).
Ѓојнук, еден од историските отомански градови на областа Болу, кој секоја сезона е домаќин на голем број посетители благодарение на своите природни убавини и историски градби, се оплемени во боите на есента.

Станува збор за еден од водечките центри на верскиот туризам поради турбето Акшемседин, што им овозможува на неговите посетители да бидат во контакт и со природата и со историјата.
Аматерските и професионалните фотографи често ги посетуваат локациите на Ѓојнук, кој се издвојува и со природните паркови што го опкружуваат.

По молитвата на гробот Акшемседин, посетителите кои пазарат во историската чаршија се искачуваат на Кулата на победата и имаат можност да уживаат во уникатната глетка.
Некои од посетителите по историската и културната прошетка на Ѓојнук, го посетуваат Паркот на природата на езерото Сунет, каде што поминуваат време во мир и спокој.
