Ferdi Türkten
23 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
ЕСКИШЕХИР
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека неговата земја сигурно ќе стане една од десетте најголеми економии во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган се обрати на собирот на Партијата за правда и развој (АК Партија) одржан во турскиот град Ескишехир.
Во таа прилика кажа дека гаранцијата за мирот, развојот и стабилноста на Турција се АК Партијата и коалицијата Алијанса на народот.
„Како што пребродивме бројни катастрофи со кои се соочивме во последните 19 години, се надевам дека нашата земја сигурно ќе ја вратиме во пристаништето во 2023 година, кога ќе ја прославиме 100-годишнината од нашата република“, рече Ердоган, и додаде:
„Сигурно ќе ја постигнеме нашата цел и ќе станеме една од десетте најголеми економии во светот, заради тоа продолжуваме да работиме без забавување на темпото. Вложуваме напори во земјата и во странство да ја кренеме турската економија на столбовите на вложувањето, производството, извозот и вработувањето.“