Barış Gündoğan
23 Октомври 2021•Ажурирај: 23 Октомври 2021
ЕСКИШЕХИР
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска престојува во градот Ескишехир, каде што отвори 46 нови фабрики, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во индустриската зона на турскиот град Ескишехир се реализираше свечено отворање на 46 фабрики, меѓу кои и фабриката за бела техника ХАЈЕР (HAIER).
Ердоган во текот на обраќањето кажа дека Турција и понатаму ќе биде стабилна земја за вложување.
„Сите што вложуваат во Турција ќе продолжат да остваруваат добивка“, порача Ердоган.
Им се обрати и на оние што очекуваат и се надеваат дека Турција ќе потклекне.
„На оние што се надеваат и чекаат нашата земја да потклекне им порачувам премногу да не се возбудуваат, никој нема моќ да ја наруши климата и довербата во оваа земја“, рече Ердоган, и додаде:
„Не постои товар кој не можеме заедно да го поднесеме со нашите претприемачи, кои ѝ даваат сила на нашата заедничка моќ и тие се носечки столбови на големата и моќна Турција.“