Ömer Koparan,Ayşe Doğru
30 Март 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
АФРИН/АНКАРА (АА) - ОМЕР КОПАРАН -
Историските споменици во селото Брат во Сирија, за кои новинската агенција на режимот на Башар ал-Асад, САНА, тврди дека се срушени во воздушни напади на Турските вооружени сили (ТСК), всушност се заштитени од припадниците на ТСК и Слободната војска на Сирија (ССВ).
Снимките кои ги сними Anadolu Agency (AA) докажуваат дека историските дела во село Брат, 15 километри јужно од центарот на градот Африн, не се изложени на ниту еден напад.
Во снимките на црквата Јулиана и манастирот Брат се забележува дека овие дела ја чувале нивната состојба како што била пред започнување на операцијата.
„Асадовиот режим тврдеше дека ние ги запаливме и уништивме историските дела. Ова го направи за да создаде немир. Како што гледате на ниту еден начин не се оштетени овие дела“, истакна во изјава за АА Ебу Абдул, еден од командантите на дивизијата Хамза при ССВ која овие дела ги држи под заштита.
Ебу Абдула рече дека тврдењата дека ССВ или ТСК ги оштетиле историските дела не ја одразуваат вистината.
„Ние ги штитиме овие историски дела. Оваа револуција ја започнавме не со цел да палиме и уништуваме, туку за слободата и стабилноста на нашата земја“, додаде тој.
Портпаролот на турското Министерство за надворашни работи, Хами Аксој, минатата недела ги негираше тврдењата на САНА кои се појавија на либанските медиуми. „ТСК досега не извршија ниту една воздушна операција врз подрачјето на Брат, како и врз црквата Јулијана и манастирот Брат“, истакна Аксој.
Историските дела во Брат и во некои околни села кои датираат од 4 и 5 век, во 2011 година од страна на УНЕСКО, беа прифатени на листата на светско културно наследство.