Yusuf Özcan
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - ЈУСУФ ОЗЏАН – Авторот на книгата „Што прави француската војска во Африка“ и портпаролот на невладиното здружение „Survie", кое ја истражува француската политика и колонијализмот во Африка, Рафаел Гранвауд, изјави дека цивилите се жртви од операцијата која француската војска во Африка ја извршува подолго од пет децении, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнувајќи дека Франција на различни начини ги оправдувала своите воени операции во Африка, Гранвауд во интервју за АА истакна дека борбата против тероризмот е доминантен аргумент за актуелните операции.
Тој додаде дека операцијата „Serval“ во Мали била пример за француската воена операција која пред четири години е спроведена со цел неутрализација на тероризмот во таа африканска земја.
„Француската операција во Африка се извршува во рамките на планот за целиот континент, а не поединечно во земјите. Пример се француските војници кои веќе со години се наоѓаат во Чад, а таков е случајот и со француските бази на Брегот на Слоновата коска и Џибути. Во согласност со сопствените интереси од тие центри француската војска спроведува операции во цела Африка, изјави Гранвауд.
Тој смета дека борбата против тероризмот е само изговор, а дека борбите за политичка и економска доминација се вистински цели на француските операции во Африка.
„Тие операции не се легитимни. Тие само предизвикуваат нови порблеми во африканските земји. Пример е операцијата Licome која на БСК ги нема решено проблемите“, изјави Гранвауд. и додаде дека таа африканска земја за време на десетгодишната француска операција била поделена на два дела.
Тој го наведе и примерот на операцијата “Sangaris“ со која француската војска не ја реши кризата ниту во Централноафриканската Република.
Осврнувајќи се и на цивилните страдања за време на француските воени операции во Африка, тој изјави дека се спроведени истраги во врска со тоа прашање, но дека не резултирале со откривање на конкретни и објективни податоци.
„Француските војници прават сé за да ги сокријат цивилните жртви, па не е познато колку цивили настрадале во нивните операции во Африка. Меѓутоа, јасно е дека голем број цивили настрадале во тие операции“, рече Гранвауд.
Тој, исто така, рече дека е можно француските војници да извршиле голем број на злосторства за време на африканските операции, но дека никогаш не биле откриени. Тој го наведе примерот на обвинението дека француските војници силувале малолетници за време на операцијата “Sangris“.
Францускиот колонијализам на западниот и северниот дел на Африка, на теритотија на повеќе од 20 земји таму, датира од 1524 година, а француската војска во период од 1963 до 2011 година има извршено вкупно 228 воени операции во странство, најчесто во Африка.
Моментално во тек е операцијата “Barkhane“ која во Мали веќе четири години ја спроведуваат повеќе од 5.000 француски војници.