Elena Teslova
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за надворешни работи денес на својата официјална веб-страница објави соопштение во кое се наведува дека британската амбасада во Москва мора да го намали бројот на своите дипломати во Русија, со тоа што ќе биде еднаков на бројот на руските дипломати во Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека намалувањето на бројот на пратеници мора да се направи во рок од еден месец.
На 30 март, британскиот пратеник за Русија, Лаури Бристов, беше повикан во руското Министерство за надворешни работи.
„Пратеникот беше информиран дека британската страна мора, во рок од еден месец да го намали својот персонал, да го донесе вкупниот број на вработени во британската амбасада во Москва и генералните конзулати во Русија во согласност со вкупниот број на руски дипломати, административен и технички персонал во Велика Британија“, се вели во соопштението.
Пратеникот исто така упати протест до 'провокативните и неоправдани' дејства на британската страна, кои го потикнаа неоснованото протерување на руските дипломати од голем број земји.
Во меѓувреме, пратениците на другите западни земји, кои исто така ги протераа руските дипломати, пристигнаа во руското Министерство за надворешни работи за да добијат официјално известување во врска со одмаздничките мерки од Москва.
Поранешниот руски агент, 66-годишниот Сергеј Скрипал и неговата 33 годишна ќерка Јулија неодамна беа пронајдени во несвесна состојба во Англија и беа згрижени во болница.
Велика Британија ја обвини Русија за труење на Скрипал, што рускиот претседател Владимир Путин категорично го негираше. Официјален Лондон тврди дек нападот е изведен со употреба на нервен отров Новичок кој советските сили го користеле и во Втората светска војна.
САД и уште најмалку 27 земји по скандалот протераа вкупно најмалку 144 руски дипломати и наредија затворање на рускиот конзулат во Сиетл, Австралија исто така протера двајца руски дипломати.