Safiye Karabacak
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
ГАЗА (AA) - Бројот на Палестинците кои израелските војници ги усмртија во Појасот Газа денеска на Денот на земјата, се зголеми на 15, потврди Ашраф ал Кидра, портпарол на Министерството за здравство во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Ал-Кидра за АА рече дека во нападите на израелските војници од утрово загинаа вкупно 15 Палестинци, а ранети се 1.400 лица.
Истакна дека меѓу ранетите се наоѓаат и лицата кои беа под заштита на силно влијание на солзавец.
Потсетуваме, Палестинците одржуваат масовни демонстрации под називот „Голем марш" за враќање на границата на Појасот Газа и Израел на кои, на шест различни подрачја, се собраа десетици илјади лица.
По повод маршот, на различни погранични подрачја посетавени се и шатори. Палестинската страна тврди дека се во прашање мирни демонстрации. Командантот на израелската војска Гади Еисенкот порача дека во случај на напад на израелската инфраструктура на војниците ќе им даде дозвола за употреба на оружје.
Од 2007 година Појасот Газа се наоѓа под израелска и египетска блокада која ја уништи економијата и околу два милиони жители им се ускратени можностите за основни потреби.