Мардин, колевката на цивилизации е под снежна покривка
Старите џамии, медреси, мезари, улици, куќи, музеи и кули се прекриени со снежна покривка. Во Мардин, град во кој се снимени и многу турски серии и филмови, во мир и тишина со векови живеат луѓе од различна вера и култураHalil İbrahim Sincar
03 Февруари 2017•Ажурирај: 04 Февруари 2017
МАРДИН (АА) – Мардин, град во југоисточна Турција, познат по арапската архитектура и по стратешката позиција на планината од каде што може да се набљудуваат рамнините во северна Сирија, во зимските денови има посебна убавина, јавува Anadolu Agency (AA).
Старите џамии, медреси, мезари, улици, куќи, музеи и кули се прекриени со снежна покривка. Во Мардин, град во кој се снимени и многу турски серии и филмови, во мир и тишина со векови живеат луѓе од различна вера и култура и зборуваат различни јазици.
Овој турски град се наоѓа на привремената листа на УНЕСКО за заштита на светското наследство.