Esra Kaymak
03 Февруари 2017•Ажурирај: 04 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турски дипломатски извор пренесува дека денес претставниците на сириската опозиција пристигнаа во главниот град Анкара за да разговараат за претстојните преговори во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).
„Претставниците на вооружената и политичка опозиција ќе присуствуваат на состанокот на турското Министерство за надворешни работи подоцна во текот на денот“, изјави за АА анонимниот извор.
Се очекува, исто така, да се разговара и за резултатот од минатонеделните разговори во Астана, кои беа со фокусот на продолжувањето на прекинот на огнот, кој во Сирија стапи на сила на 30 декември минатата година.
Прекинот на огнот беше постигнат со посредство на Турција, која ја поддржува опозицијата, како и Русија и Иран, кои го поддржуваат режимот на Башар ал Асад.
На состанокот ќе учествуваат генералниот координатор на Високиот комитет за преговори, Риад Хиџаб, претседателот на сириската национална коалиција, Анас aл-Абдах, претставниците на вооружените опозициски групи кои присуствува на преговорите во Астана минатиот месец. Претставниците на курдскиот национален совет во Сирија, како и од Советот на сириските Туркмени во Анкара.
Изворот додава дека некои верски научници, како и поединци од Друзи и Алеве исто така ќе бидат присутни.
Според податоците на ОН, Друзи е домородна заедница со религиозно и културно потекло којашто го населува регионот Џабал aл-Араб во југоисточниот дел, со популација од 500.000, или 3 отсто од популацијата пред војната.
„Техничката средба“ во врска со Сирија ќе се одржи на 6 февруари, во главниот казахстански град, во присуство на претставниците на Турција, Русија, Иран и на ОН.
Следниот круг на преговори меѓу владата и опозицијата ќе се одржи на 20 февруари, во Женева.