Zafer Göder
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
БОЛУ (AA) - По завршувањето на изградбата на вештачкото Езерото Себен во Болу 2011 година, среде езеро остана потопена џамија, која по двегодишна работа повторно е отворена, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 2004 година во регионот Ташлијајла започнаа градежните работи околу изградбата на вештачкото езеро, што предизвика под вода да останат зградата за стопанисување со шуми, нејзините магацини, просториите за сместување на вработените и џамија стара околу 50 години.
Според површината што ја зафаќа, Себен е најголемо вештачко езеро во западниот дел на црноморското подрачје на Турција. Со цел да се сочува од уривање потопената џамија која се наоѓа на одалеченост од околу 100 метри од брегот, управата на околија Себен и општината пред две години ги започнаа работите за изградба и реконструкција на џамијата кои денеска се завршени.

За да не дојде до оштетување од водата, околината на џамијата е пополнета со камења и од брегот бил изграден пат до неа.
Со труд на општината Себен и спонзорите, џамијата која повеќе не е во опасност да биде оштетена од водата, почна да им служи на луѓето кои како гости доаѓаат во регионот и ќе застанат да се одморат, користејќи го автопатот Болу-Себен.
- „Езеро Себен, туристичко богатство“ -
Градоначалникот на Себен, Сулејман Озбаг во изјавата што ја даде за АА соопшти дека џамијата што стана симбол на градот и Езерото Себен е отворена за посети и извршување верски обрвски на граѓаните.
Озбаг потсети дека во подрачјето пред да биде изградено езерото делувала Управата за стопанисување со шумите. „Имаше џамија во областа каде што постоеше комората. Џамијата сега е среде езерото. Ја пополнивме околината на џамијата со помош на посебни административни и општински капацитети. Се обидуваме местото да го претвориме во стилски и убав простор“.
Зборувајќи дека џамијата среде езерото е отвоена со поддршка на општината и донаторите од областа, тој изјави: „Ја отворивме џамијата. Сега сите наши граѓани, сите наши гости можат да ги извршат својата верска обврска во џамијата. Имавме помош од голем број добронамерни граѓани. Забрзано се одвиваат работите за промовирање езерото Себен во светски рамки. Џамијате ќе биде симбол на тоа“.
Истакнувајќи дека Езерото Себен е 7 пати поголемо од Езерото Абант, симбол на Болу, Озбаг рече: „Себенското Езеро со обиколка од 23 км и 50 милиони кубни метри вода, претставува колосално богатството. Тој е туристичко богатство. Сакаме да го потенцираме тоа.“
- „Многу граѓани доаѓаат во текот на летото" -
Онур Карадениз, жител на областа Ташлијајла, изјави дека џамијата порано се наоѓала до патот и интензивно се користела.
Објаснувајќи дека џамијата била опкружена со вода откако е изградено езерото, Онур Карадениз вели:
„За да се истакне важноста на џамијата, свој труд дадоа општината Себен и бизнисмените. Со тоа, џамијата повторно е средена и отворена за извршување на верските обврски. Во летниот период тука доаѓаат голем број граѓани. Оние што знаеја дека џамијата е во вода, доаѓаа да ја видат. Мислам дека ќе се зголеми интересот за подрачјето по отворањето на џамијата“.