Yusuf Hatip
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Бројот на загинати во самоубиствениот напад изведен во петокот врз џамија во северозападен Пакистан се искачи на 36 лица, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според добиените информации од полициски извори, откако неколку од хоспитализираните лица од нападот им подлегнаа на повредите, бројот на загинати се искачи на 36.
Од друга страна, групата Џемат-ул Ахрар соопшти дека ја презема одговорноста за нападот.
Џемат-ул Ахрар е основана во 2014 година по одвојувањето од пакистанските талибанци. Главната база на организацијата се наоѓа во регионот на племето Мохаманд, во северозападниот дел на Пакистан. Се претпоставува дека лидерот на организацијата, Омер Халит Хорасани, се наоѓа во Авганистан. Потпаролот на групата, Ехсанулах Ехсан, соопшти дека ја преземаат одговорноста за самоубистевниот напад извршен на граничниот премин Пакистан-Индија на 2 ноември 2014 година. Во тој напад животот го загубија над 50 лица.