Fatma Esma Arslan
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Кампањата на клеветење на операцијата „Маслинова гранка“ на социјалните мрежи продолжува со објавување на нови содржини за кои е утврдено дека немаат поврзаност со операција на Вооружените сили на Турција во Африн, северозападна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Вистинската позадина на трите фотографии, за кои преку социјалните мрежи е изнесена невистина дека се снимени за време на операцијата на турската војска во Африн против терористичките организации ПЈД/ПКК и ДЕАШ, утврдена е со пребарување на претходните објави.
Фотографијата на детето на носилка објавена на Твитер со опис дека Турските вооружени сили (TSK) напаѓаат цивили, е снимена по нападот на Сириските демократски сили во сирискиот град Мареа на 29 август 2017 година.
На социјалните мрежи е споделена и фотографија со опис дека во Африн е соборен авион на Турските воздухопловни сили. Сепак, утврдено е дека фотографијата е направена за време на хеликоптерска несреќа во Авганистан, на 16 март 2012 година.

На Твитер e споделена фотографија на лице кое наводно уништило пет тенкови на ТСК. Новинарите на АА утврдија дека станува збор за фотографија која страницата блиска на терористичката организација ПЈД/ПКК ја споделила на 13 јули 2014 година со опис дека „ЈПГ со напредни антитенковски проектили одговара на ДЕАШ“.

Некои од профилите на социјалните мрежи кои ги објавуваа споменатите содржини се затворени, а некои ги избришаа претходно споделените фотографии.
Слична кампања на клеветење е водена и во претходните денови кога, со цел манипулација, се објавувани фотографии кои немаат никаква поврзаност со операцијата „Маслинова гранка“.