Ekipa
19 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Официјалните податоци покажуваат дека 45 милиони Иранци ја користат апликацијата за пораки Телеграм и покрај тоа што е блокирана од страна на иранските власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Статистичкиот центар на Иран денес објави дека 65 отсто од Иранците над 15-годишна возраст имаат профили на главните платформи на социјалните медиуми, надминувајќи 55 милиони од вкупно 85 милиони жители во земјата.
Иранците секојдневно испраќаат 15 милијарди пораки преку блокираната апликација Телеграм, 88,5 отсто од Иранците ја користат апликацијата Ватсап, додека 68 отсто користат Инстаграм.
Според официјалните бројки, во последните години присуството на Иранците на социјалните мрежи е зголемено за 22 отсто.
Иранските власти го блокираа користењето на Фејсбук и Твитер за време на протестите што избија во северозападната покраина Машхад во декември 2017 година поради лошите економски услови во земјата.