Yusuf Hatip
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - На северозападот од Пакистан, во бомбашки напад во една џамија, загинаа 16 лица, а 25 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Од владини извори се дознава дека во подрачјето на племето Мохманд, во една џамија, неидентификуван напаѓач извршил самоубиствен напад. Напаѓачот го активирал експлозивот во дворот на џамијата.
Според информациите на екипите на првата помош, во нападот загинале 16 лица, а 25-мина се ранети. Ранетите се префрлени во околните болници.
Сѐ уште никој не ја презема одговорноста за нападот.