Kasım İleri
17 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Коалициските сили на чело со САД во Сирија го убија високиот официјален претставник на ДАЕШ кој извршувал функција на министер за информации на оваа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Пентагон потврди дека коалициските сили го убиле министерот за информации на ДАЕШ.
Портпаролот на Пентагон, Питер Кук, изјави дека нападот е извршен во близина на Рака во Сирија, и дека мета бил Ва'ил Адил Хасан Салман ал-Фајад, кој во ДАЕШ беше министер за информации.
Ва'ил наводно бил убиен во воздушен напад извршен на 7 септември.