Lale Bildirici
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
На просторот околу џамијата Аја Софија во тек се подготовките во пресрет на нејзиното отворање за молитви на 24 јули, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред џамијата се поставува и платформа за медиумските работници кои ќе го следат повторното отворање на џамијата.

Во дворот исто така ќе биде поставена и нова трева за амбиентот да биде уште поубав и попривлечен за сите верници и посетители.
Полициските тимови околу џамијата поставија метални прегради и понатаму не дозволуваат влез во џамијата.
Голем број домашни и странски туристи кои го посетуваат тоа место, се фотографираат пред џамијата.
Откако Врховниот суд на Турција на 10 јули ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година со која џамијата Аја Софија беше претворена во музеј, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најавија дека Аја Софија официјално ќе биде отворена во петок на 24 јули, со клањање на џума-намаз (петочна молитва).