Bestami Bodruk
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ДИЈАРБАКИР
Гувернерството на турската област Дијарбакир информираше дека терористите на ПКК во местото Кулп извршиле терористички напад во кој животот го загубиле 5 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Гувернерството на Дијарбакир се вели дека во руралните предели на местото Кулп, во 6:30 часот по локално време, била активирана рачно изработена бомба во моментот кога покрај патот со возило минувале цивили што оделе да сечат дрвја во шумата.
„Во бомбашкиот напад во Кулп животот го загубија 5 цивили“, се вели во соопштението на Гувернерството на Дијарбакир и се додава дека безбедносните сили започнале операции со цел откривање на сторителите на нападот.