Barış Gündoğan
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
ЛОНДОН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска присуствуваше на свеченото отворање на џамијата во Кембриџ, Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во своето обраќање на свеченото отворање Ердоган рече дека ова место за богослужба ќе го даде најдобриот одговор на растечкиот антиисламизам.
„Во земјите што долги години се лулка на демократијата - расизмот, дискриминацијата и непријателството кон исламот се шират како отровен бршлен“, нагласи Ердоган.
Истакнувајќи дека еден муслиман не може да биде терорист и од исламот не може да произлезе терорист, Ердоган рече: „Ние не го прифаќаме етикетирањето ’исламски тероризам‘, што некој упорно се обидува да го задржи на дневниот ред.“
Турскиот претседател, истакнувајќи дека исламот и тероризмот не може да се стават еден до друг, нагласи дека не може да се дискретидира исламот затоа што постои некој терорист кој се прокламира дека е припадник на исламот или дека е муслиман.
„Во Ал-Баб неутрализиравме над 3.000 луѓе на ДЕАШ, бидејќи ДЕАШ нема никаква врска со исламот и таа не е од нас. Ние ја отфрламе разликата меѓу добри и лоши терористички организации. Не може да има добар или лош тероризам или терорист“, нагласи Ердоган.