Furkan Naci Top
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
АТИНА (АА) - Група демонстранти незадоволни од политиката на штедење, накратко ја окупираа палатата Запејон, која се наоѓа во Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите, членови на Сојузот на работничкото движење (ПАМЕ) и група пензионери, три часа го окупираа Запејон поради што беше одложен симпозиумот на кој ќе се дискутира за колективните работни договори.
Стотици демонстранти извикуваа: Тргнете ги вашите гнасни раце од нашите плати“, „Работнику не ведни ја главата, ќе го добиеш заслуженото“.
На дводневниот симпозиум ќе присуствуваат и грчкиот министер за труд Георгиос Катругалос, сојузниот министер за труд и социјални работи на Австрија, Алоис Стогер и министерот за социјални работи на Португалија Хозе Антонио Виеира да Силва.
Протестите беа организирани поради мерките за штедење, кои се дел од преговорите со европските кредитори.