Emin Avundukluoğlu
27 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер и портпарол на турската влада, Бекир Боздаг, остро ја осуди денешната одлука на чешкиот суд за ослободување на уапсениот Салих Муслум, поранешниот водач на терористичката организација ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлуката негативно ќе влијае на односите помеѓу Турција и Република Чешка“, рече Боздаг и додаде дека спорната одлука на судот е донесена занемарувајќи ги меѓународните правни норми.
Истакнувајќи дека пресудата на чешкиот суд е отворена поддршка на тероризмот, Боздаг понатаму рече дека тоа е политичка одлука која нема никаква основа во правото.
„Таа одлука е поддршка на терористичките активности насочени против Турција“, рече Боздаг.
Салих Муслум, еден од најбараните терористи во Турција, уапсен е во неделата во Прага, главниот град на Чешка, по барање на Турциија, но судот во Прага денес Муслум го пушти на слобода.
Боздаг истакна дека Турција не е изненадена од таквата одлука на судот бидејќи ѝ се познати ставовите на земјите членки на Европската Унија за луѓето кои извршувале терористички акти против Турција.
Заменикот на турскиот премиер исто така запраша зарем Западот не ги смета за терористички организации оние кои во нападите убиваат Турци или муслимани.
„Зарем услов за ставање на листата на терористички организации е доколку во нападите страдаат државјани на Европската Унија или на Соединетите Американски Држави“, порача Боздаг.
Турција од Чешка бара екстрадиција на Салих Муслум, поранешен водач на ПЈД, сириски огранок на терористичката организација ПКК.