Sinan Uslu
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
АНКАРА (АА) - Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ досега неутрализирани се 2.184 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската Армија се наведува дека продолжува операцијата во северозападниот дел на Сирија, во подрачјето на Африн, започната на 20 јануари, со цел неутрализирање на терористите на ЈПГ-ПЈД/ПКК/КЏК и ДЕАШ.
Од почетокот на операцијата досега, бројот на неутрализирани терористи изнесува 2.184.