Sena Güler
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
СИНОП (АА) - Во експлозија на товарен брод во близина на Синоп, турска област покрај Црното Море, според првичните информации загина едно лице, а повредено е уште едно, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, експлозијата се случила поради насобирање на гас во котларата на бродот, кој се закотвил на околу 24 километри од брегот на Синоп.
Повреденото лице, кое беше спасено со поморски полициски брод, беше хоспитализирано во болница во Синоп.