İlkay Güder
28 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател, Владимир Путин, во која тој денес рече дека со помош на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се евакуирани голем број цивили од Источна Гута, посочи дека станува збор за прашање кое турскиот претседател го побарал и порано, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа е прашање кое турскиот претседател го изнесе пред речиси месец дена. Станува збор за евакуација на 700 цивили во Турција поради лекување. Ни кажаа дека ги евакуираа овие цивили. Тие не пристигнаа во Турција, но ни јавија дека биле испратени во јужниот дел на Дамаск“, рече Калин.