Турција

„Никој не треба да ја преиспитува одлучноста на Турција во Идлиб, сите подготовки се завршени“

„Настаните во Идлиб и цела Сирија секојдневно потврдуваат колку се правилни и многу потребни мерките и борбата против тероризмот кои Турција одлучно ги спроведува“, изјави Челик

Muhammed Ali Toruntay  | 27.02.2020 - Обновена : 28.02.2020
„Никој не треба да ја преиспитува одлучноста на Турција во Идлиб, сите подготовки се завршени“

АНКАРА (АА) - Портпаролот на владејачката турска Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, изјави дека турските вооружени сили се подготвени да го исполнат она на кое се обврзале, доколку силите на режимот на Башар ал Асад во зададениот рок не се повлечат од подрачјето кое во изминатите недели го зазедоа во деескалациската зона на Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одржа консултативен разговор со неколку пратеници на Големото народно собрание на Република Турција од редовите на АК Партијата, а по состанокот на новинарите се обрати портпаролот на таа политичка опција, Челик, и изјави дека денешниот состанок е дел од подготовките за кампот кој раководството на партијата ќе го одржи на почетокот на април во Кизилџахамам.

Коментирајќи ги случувањата во Сирија која е зафатена со војна, Челик оддаде почест на турските шехиди кои ги положија своите животи во деескалациската зона на Идлиб во која турските сили спроведуваат мировна мисија во согласност со Договорот во Сочи кој е постигнат во 2018 година.

„Настаните во Идлиб и цела Сирија секојдневно потврдуваат колку се правилни и многу потребни мерките и борбата против тероризмот кои Турција одлучно ги спроведува. Со операциите „Штитот на Еуфрат“, „Маслинова гранка“ и „Извор на мирот“, турските сили спречија да се воспостави терористичка парадржавна творба во сирискиот пограничен појас кој е широк 30 километри.“

Нагласувајќи дека активностите кои Турција ги спроведува во Сирија имаат исклучиво хуманитарни цели, Челик изјави дека таа земја одлучно ќе ги продолжи своите активности.

„Сите подготовки се завршени и турските вооружени сили се подготвени да го исполнат она на што се обврзале кога ќе истече периодот зададен на силите на режимот на Асад да се повлечат надвор од утврдените граници на деескалациската зона во Идлиб. Никој не треба да ја испитува одлучноста на Турција по тоа прашање. Тоа е прашање кое директно се однесува на националната безбедност на Турција“, изјави Челик.

Челик исто така изјави дека агресивноста на силите на режимот Башар ал Асад во Идлиб е недопустлива и дека Турција нема да се согласи на опсада на контролните пунктови каде што е турската војска.

Идлиб е најголемо упориште на сириската опозиција, каде што во моментот се наоѓаат речиси 4 милиони жители. Тоа е двојно поголема популација од онаа што ја имаше пред почетокот на војната во Сирија.

Со посредство на Турција, Русија и Иран, за време на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб е прогласен за деескалациска зона, како и регионите Хомс, Источна Гута и Дера Кунејтра.

Меѓутоа, режимските сили на Асад го искористија воспоставеното примирје и со поддршка на руските воздушни сили ги зазедоа сите три региони, додека Идлиб остана под контрола на опозицијата. Стотици илјади цивили од тие региони побегнаа во Идлиб и тоа во регионите на самата сириско-турска граница.

Во Сочи на 17 септември 2018 година е постигнат додатен договор за прекин на судирите во Идлиб. Согласно договорот, опозициските сили наредниот месец го повлекоа тешкото вооружување од Идлиб, а силите лојални на режимот на Асад набрзо продолжија со артилериските и воздушните напади во кои досега се убиени повеќе од 1.800 цивили.

Од јануари 2019 година од Идлиб во регионите на сириско-турската граница побегнаа повеќе од 1.677.000 цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın