спорт

Јапонија: Владата размислува за опцијата „Олимпијада без публика“

Владата размислува за три можности за време на организацијата на Олимписките и Параолимписките игри: без ограничување за публика, 50 отсто капацитет или турнир без публика во потполност

Ahmet Furkan Mercan  | 23.01.2021 - Обновена : 24.01.2021
Јапонија: Владата размислува за опцијата „Олимпијада без публика“

ТОКИО

Во Јапонија, Владата ја проценува можноста Олимписките и Параолимписките игри во Токио, што би требало да почнат во јули, да се организираат без публика поради ширењето на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на агенцијата „Кјодо“ (Kyodo), што се темелат на владини извори, се смета дека случаите на Ковид-19, што одржуваат тренд на пораст во целата земја, ќе бидат под контрола дури на 23 јули, кога почнуваат Олимписките игри.

Соопштија дека во согласност со тоа, Владата размислува за три можности за време на организацијата на Олимписките и Параолимписките игри: без ограничување за публика, 50 отсто капацитет или турнир без публика во потполност.

Во најновите анкети во врска со Олимпијадата преовладуваат одговорите „би требало да се одложат“ или „да се откажат“.

По одразување на ставовите дека Владата не можела добро да управува со епидемиолошкиот процес, опцијата „турнир без публика“ се оценува во однос на можен политички исход.

Исто така меѓу опциите е да се прифатат оние што имаат карти, а кои се вакцинирани против Ковид-19.

Се очекува дека Јапонија ќе ја објави одлуката за евентуалниот број на гледачи кон крајот на пролетта.

Говорејќи во Парламентот вчера, премиерот Хошиде Суга повтори дека ќе се преземат потребните мерки против вирусот и дека се одлучни во организацијата на Олимписките игри во Токио како што е планирано.

Поставувајќи цел од 867 милиони долари од приходите од влезниците во рамките на Олимписките игри, Организацискиот одбор би можел да биде разочаран доколку бидат одржани без публика.

Олимписките игри во Токио, што претходно беа планирани да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, одложени се поради коронавирусот. Дополнително е одредено да се одржат во период од 23 јули до 8 август 2021 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.