İlker Girit
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
БАГДАД (АА) - По долгата борба со карциномот вчера почина легендарниот ирачки фудбалер Али Кадим (69), пренесува Anadolu Agency (AA).
Ирачката државна телевизија јави дека Кадим починал во болница во Багдад, во која и се лекувал.
Поранешниот фудбалер беше еден од истакнатите играчи за време на 1970. и 1980. години, а ирачката репрезентација ја однесе до историски успех и пласман во четвртфиналето на Олимписките игри во 1980 година во Москва.