Muhammed Enes Çallı
21 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Олимписките и Параолимписките игри во Токио оваа година ќе ја чинат јапонската Влада над 390 милијарди јени (3,76 милијарди долари), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Износот вклучува и 781 милион долари кон буџетот за мерките за спречување на ширењето на Ковид-19“, објави државната телевизија НХК (NHK).
„Во издатоците вклучени се и околу 1,2 милијарди долари за програмите за обука на спортисти, 517 милиони долари за безбедноста и околу 499 милиони долари за изградбата на Националниот стадион“, се вели во извештајот.
Првин закажани за минатиот јули, Олимписките игри 2020 беа меѓу многуте спортски настани во светот одложени поради пандемијата.
Олимписките игри оваа година ќе се одржат од 23 јули до 8 август, додека Параолимписките игри од 24 август до 5 септември.