спорт, Коронавирус

Во НБА регистрирани 11 случаи на коронавирусот

Во периодот од 14 до 20 јануари тестирани се 502 кошаркари, при што 11-мина биле позитивни на коронавирусот

Hüseyin Burak Demirer  | 21.01.2021 - Обновена : 22.01.2021
Во НБА регистрирани 11 случаи на коронавирусот

АНКАРА (АА) - Во американската Национална кошаркарска лига (НБА) последнава недела е спроведено тестирање на кошаркарите и тренерскиот персонал на новиот тип коронавирус (Ковид-19), при што на овој вирус биле позитивни 11 кошаркари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави НБА, во периодот од 14 до 20 јануари тестирани се 502 кошаркари, при што 11-мина биле позитивни на коронавирусот.

Кошаркарите кои се позитивни на тестот, остануваат во карантин сѐ додека не им се дозволи да го прекинат, во согласност со здравствените протоколи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.